„АстраЗенека“ до крајов на годинава планира да направи вакцина против КОВИД-19 која ќе чини две и пол евра


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„АстраЗенека” се надева дека вакцината ќе биде произведена до крајот на годинава, а според Паскал Сорио, можеби и порано доколку сè оди според планот.

Фармацевтската компанија „АстраЗенека” планира до крајот на годинава да пласира на пазарот вакцина против новиот коронавирус, која ќе чини 2,50 евра, најави претседателот на компанијата Паскал Сорио.

Тој истакна дека целта на компанијата е вакцината да биде достапна за сите луѓе.

„АстраЗенека” се надева дека вакцината ќе биде произведена до крајот на годинава, а според Сорио, можеби и порано доколку се оди според планот.

Неодамна е објавено дека вакцината на „АстраЗенека” во првите две фази од тестирањето се покажала добра и овозможува создавање антитела, како и имунизација против Ковид-19.

Резултатот од третата фаза од тестирањето се очекува наесен и доколку биде успешна вакцината ќе може масовно да се произведува и пласира на пазарот.