Home Шоубизнис Бијонсе објави трејлер за новиот видео-албум „Black Is King“ кој ги слави Афроамериканците

Бијонсе објави трејлер за новиот видео-албум „Black Is King“ кој ги слави Афроамериканците

Disney Plus го објави трејлерот и постерот за видео-албумот во најава на Бијонсе насловен „Black Is King“, кој стигнува после ангажманот на пејачката во анимираниот филм „The Lion King“.

„Black Is King“, всушност, е филм или визуелен албум кој е инспириран од „The Lion King“, а базиран на музиката од анимираната класика. Истиот премиерата ќе ја има на 31 јули оваа година, на популарниот сервис Disney+.

Според најавите, „Black Is King“ ги преиспитува лекциите од блокбастерот од 2019 година за денешните млади кралеви и кралици во потрага по нивните сопствени круни. Албумот ќе оддаде почест на Афроамериканците и нивните животни искуства.

Една од најуспешните и највлијателни пејачки на денешницата ја презеде улогата на авторка, режисерка и извршна продуцентка на новиот албум, а на него можеме да очекуваме појавување и на нејзиниот сопруг Џеј Зи и ќеркичката Блу Ајви.

Новиот трејлер ги открива и некои од специјалните гости на албумот како Наоми Кемпбел, Лупита Нјонг’О, Кели Роуленд, Фарел Вилијамс, Кендрик Ламар и Чајлдиш Гамбино.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Диди наводно претрпел повреда на глава во затвор, претставникот реагира

Шон „Диди“ Комбс наводно претрпел медицинска итност во затвор. Според TMZ, Диди, 56, бил п…