Читање книга пред спиење – препорачано!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Експертите за ментално здравје препорачуваат читање книга пред спиење, макар и неколку страници, бидејќи тоа не само што е еудкативно, практично за интелектуална надоградба, туку и многу здраво.

Читањето пред спиење го намалува стресот, а подобро е од музиката и чајот. Студијата која била спроведена на Универзитетот во Сасекс покажала дека читањето пред спиење може да ве опушти и да придонесе за спокоен сон. Испитаниците биле подложени прво на стресна ситуација, а потоа биле употребени повеќе техники за намалување на стресот.

Когнитивниот невропсихолог Дејвид Луис открива дека „читањето има најдобро влијание на намалување на нивото на стрес и тоа за 68 отсто“.

Тоа дало подобри резултати од слушање музика (61 отсто), консумирање чај (54 отсто) и шетање (42 отсто). Биле потребни само шест минути за да се намали нивото на стрес кај испитаниците.

Експертите велат дека „39 отсто од луѓето кои имаат навика да читаат пред спиење добро спијат“.

Го зајакнува мозокот

Читањето е многу корисно за зајакнување на мозокот и може да го намали ризикот од развој на дегенеративни заболувања, како што е Алцхајмерова болест. Една неодамна спроведена студија покажа дека луѓето кои се занимаваат со активности како што се читање, решавање на загатки или играње шах, имаат 2,5 пати помалку ризик да се разболат. Ова веројатно се должи на фактот дека Алцхајмеровата болест честопати е поврзана со ограничена активност на мозокот.

Ова е затоа што, додека читате добра книга, вашиот ум не е насочен кон секојдневните стресови и вознемиреност кои предизвикуваат напнатост. Приказните му даваат можност на вашиот ум да биде на некое друго место некое време. Ова значи дека можете да оставите проблеми зад себе. Читањето исто така им овозможува на мускулите да се релаксираат, при што дишењето се забавува, давајќи ви чувство на смиреност.