Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„Кога преговорите се одвиваат во пет до 12, разговорите се тајни. А разговорите ги води Зоран Заев. Мислам дека денеска нема да падне владата. Според информациите што ги имам, владата ќе остане и ние и ќе добиеме датум за преговори“, изјави за Утрински брифинг пратеникот на ДПА, Мендух Тачи.
ВМРО-ДПМНЕ се имаат гледано со лидерот на ДУИ Али Ахмети, но според тоа каков им е рејтингот малку е веројатно дека би сакале да има предвремени избори. Беса е мала партија со занемарлив резултат на изборите, а Алијанса има амбиции да се бори за власт, вели Тачи.
Тачи за Утрински брифинг го коментира впечатокот дека во оваа иницијатива околу оставката на премиерот и уривање на владата, и Заев и опозицијата избрзаа.
„Како да се местеа коцките, Заев да се врати. За мене како политичар со искуство беше неразбирливо од каде толкави суми пари се фрлија на овие избори. Ова не беа локални избори оваа иницијатива не беше локална, ова беше иницијатива за промена на поредокот во Македонија. Од надворешен аспект, дали парите се од Кина или Русија треба да си дознаат службите. А што се однесува до домашен аспект, се знае дека валканите пари се перат преку урбаната мафија. Нашиот премиер храбро влезе во оставката. Во Косово партијата на премиерот не освои ништо на локални избори никој не го ни праша за оставка“, вели Тачи.
На прашањето, кога би успеала опозицијата да ја урне владата, дали е можна влада составена од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Левица?, тој вели:
„Не, не доаѓа предвид. Ова не е оптимизам, јас сум само добро информиран“, вели Тачи за Утрински брифинг. „Кога ова денес ќе заврши, на сите ќе им биде јасно дека Заев ќе остане на власт во следните три години“, додава тој.