Таа замина на колеџ, а верното куче секој ден ја чека да слезе од школскиот автобус


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


18-годишната Карли Дан оваа година тргна на колеџ и го напушти родниот град во Џорџија. Но, изгледа дека за оваа нејзина привремена преселба никој не го известил нејзиното верно куче Бо.

Бидејќи Бо, секое попладне, продолжува да ја чека Карли да слезе од школскиот автобус, како што тоа го правеше секој ден додека таа учеше средно училиште во својот роден град. Минатата недела Карли, на својот Твитер профил, сподели фотографија од верниот Бо кој упорно ја чека да си дојде од училиште, со порака која ја пратила нејзината мајка.

„Школскиот автобус и понатаму минува, а Бо уште, и после толку време, се надева дека ќе слезеш од него“, вели пораката. Многумина од Твитерџиите ја советуваа Карли што побрзо да оди да го посети Бо, за тој полесно да го преброди времето до крајот на семестарот.

А некои даваа идеја таа да го замоли возачот на школскиот автобус да ја одвезе до дома кога ќе се врати од колеџ, за да го изненади на најубав можен начин симпатичниот и верен Бо.