Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Од Светската здравствена организација (СЗО) денеска апелираа со предупредување дека, и покрај големите надежи дека ќе најдат вакцина, никогаш не може да има „чудотворно решение“ за „ковид-19“ и дека враќањето во нормала ќе трае долго. Повеќе од 18,1 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирусот, а скоро 700.000 починале.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус и директорот за вонредни состојби Мајк Рајан инсистираат на тоа државите строго да ги спроведуваат епидемиолошките мерки како што се носење маски, социјална оддалеченост, миење на рацете и тестирање.
„Пораката до народот и владите е јасна: Направете го сето тоа “, рече Тедрос на виртуелната прес-конференција во седиштето на ООН во Женева.
Маските за лице, рече тој, треба да станат симбол на солидарност ширум светот.
„Повеќе вакцини се во третата фаза на клинички испитувања и сите се надеваме дека ќе имаме поефективни видови вакцини кои би помогнале во спречувањето на инфекцијата. Сепак, засега нема чудесно решение и никогаш нема да има“, рече Тедрос.
Тој призна дека постои страв дека нема да имаме вакцина која е ефикасна, или дека заштитата од болеста ќе биде само краткотрајна и ништо повеќе, но дека тоа нема да го знаеме сè додека не завршат клиничките испитувања.
Мајк Рајан истакна дека земјите со високи стапки на пренесување на болести, вклучително и Бразил и Индија, мора да се подготват за голема битка и дека патот е долг и бара непоколеблива посветеност.
На истата конференција, Гебриесус истакна дека мајките треба да ги дојат своите бебиња дури и ако се заразени со коронавирус, бидејќи придобивките ги надминуваат ризиците од инфекцијата.
„СЗО препорачува мајките со сомнителен или потврден ковид-19 да бидат охрабрени на ист начин како и сите други треба да започнат или да продолжат со доењето“, рече Гебриесус.
Бидејќи светот ја одбележува Неделата за подигнување на свеста за важноста на доењето, Тедрос рече дека „многу придобивки од доењето кај новороденчиња и деца далеку го надминуваат потенцијалниот ризик од инфекција“.