Home Вебкафе Светски рекорд: Оваа е куќата со најмногу накитени новогодишни елки на светот

Светски рекорд: Оваа е куќата со најмногу накитени новогодишни елки на светот

Сузане и Томас Јеромин поставија нов необичен светски рекорд за кој потврда добија од Германскиот институт за рекорди (РИД). Нивната куќа е прогласена за куќа со најмногу накитени новогодишни елки, откако тие во својот дом украсиле над 300 помали и поголеми новогодишни дрвца.

„Иако никогаш не ни беше целта да поставиме светски рекорд со китењето на новогодишни елки, супер е што испадна така“, вели 52-годишниот Томас.

Своето необично хоби го почнал пред околу седум години. Семејството со китење почнува уште во септември. Годинава за да ги украсат своите 316 елки им биле потребни повеќе од 300 синџири со сијалички и 42.000 лампиони.

Трошоците за украсите, тврди семејството, не се многу големи, поради поволните понуди на интернет. Она што чини многу е струјата. Куќата на семејството Јеромин е накитена од почетокот на првиот Адвент сѐ до 6 јануари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Во Lilly дрогерии попуст до 35% на сите производи за нега на лице

Компанијата Lilly Drogerie го означи почетокот на акцијата со попусти на сите производи за…