Home Шоубизнис Светот наскоро ќе го добие првиот трилионер, а сите го знаат под неговиот псевдоним

Светот наскоро ќе го добие првиот трилионер, а сите го знаат под неговиот псевдоним

Сатоши Накамото е псевдоним кој во 2008 годна е употребен при давањето предлог за формирање на електронска валута која ќе има директна конекција од корисник до корисник што подоцна прерасна во денес планетарно популарниот биткоин.

Е токму тој анонимен тип, наскоро, ако веќе и не е станат – ќе биде првиот трилионер на планетата Земја.

Никој не го знае вистинскиот идентитет на Сатоши Накамото, а токму тој човек, чие богаство сега се проценува на 17 милијарди долари, поседува 1 милион биткоини.

Речиси е извесно дека тој се наоѓа на листата со најбогати луѓе на светот на „Форбс“, и тоа пред милијардерите Бил Гејтс и Џеф Безос.

Кога биткоинот почна нагло да расте, процената била дека Накамото „тежи“ околу 17 милијарди долари, но судејќи според новите вредности на оваа криптовалута и предвидувањата дека и натаму ќе расте, „таткото“ на биткоинот би можел да стане и првиот трилионер во светот.

Биткоинот оваа година забележа раст од 1.800 проценти. Минатата недела првпат беше пробиена и границата над 19.000 долари.

Идентитетот на Сатоши Накамото, кој е псевдоним на авторот што почнал со копање биткоини пред околу девет години, сè уште е мистерија. И ден-денес никој не знае кој е Накамото.

Претходните години имаше барем четири личности за кои се веруваше дека стојат зад псевдонимот. Последниот „осомничен“ беше Илон Маск.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …