Си решил животно прашање: Бездомник украл 300.000 евра од аеродромот во Париз


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бездомник кој пребарувал по корпите за отпад на парискиот аеродром Шарл де Гол, забележал дека вратата од една канцеларија на „Лумис“, компанија која е задолжена за транспорт на пари од аеродромот и до него, е отворена.

Типот влегол внатре и таму пронашол две вреќи полни со пари. Набргу потоа човекот исчезнал од аеродромот со двете вреќи полни пари оставајќи ја зад себе својата излитена вреќа во која ги носел своите работи.

Прв сторијата за кражбата ја објавил францускиот весник „Ле Паризиен“ нарекувајќи со случајот совршено злосторство. Во торбите кои што бездомникот ги украл имало околу 300 илјади евра.

Полицијата трага по педесетгодишен маж кого, наводно, го идентификувала аеродромската полиција.

„На почетокот мислевме дека е некоја местенка, но изгледа станува збор за чиста среќа. Ова е навистина неверојатно“, вели извор од полицијата во изјава за агенцијата „Франс прес“.