Суперблокови – генијално решение на Барселона за чист воздух во урбана средина (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Суперблоковите се спој од 9 блокови (маала или „квартови“) во кои наместо целокупниот сообраќај да биде дозволен низ сите улици тој е дозволен само околу блоковите, а во внатрешноста – улиците се посветени само за локалното население. Брзината на движење е лимитирана на 10 км/ч., со предност на чистите начини на движење како велосипед и пешачење. Сите внатрешни улици имаат еднонасочни U правила на движење.

Сето ова овозможува да се намали големината на улиците, тие да се пренаменат за локалното население и да се создадат суперблокови – еден вид мини села во кои луѓето имаат простор и слобода на живеење со минимална застапеност на автомобили. Ова решение својот најдобар пример на имплементација во реалноста ќе го има во шпанската метропола Барселона.

Планот ќе го остварат во две фази:

Во првата фаза, која веќе се остварува во неколку делови од градот, максималната брзина на улиците во суперблокот е лимитирана на 20км/час. Оваа фаза може да се оствари релативно лесно, со мали трошоци, воглавно преку промена на сообраќајните знаци.

Втората фаза е поамбициозната. Со оваа фаза би се трансформирал градскиот живот и начинот на кој луѓето го користат јавниот простор. Паркирањето на возилата во внатрешноста на суперблоковите ќе исчезне (со изградба на гаражи) и брзината на движење на улиците ќе биде 10км/ч, што ќе им овозможи на луѓето да ги користат улиците за спортување, културни активности како отворени кина, играње и сл.

Со целосно остварување на двете фази низ градот, се предвидува дека 60% од патната површина која сега е целосно посветена на автомобилите ќе постане мултифункционална или без-автомобилска.

И би бил чист град, посветен на живеење наместо постојано возење низ него.

„Не е тајна дека добрите денови за автомобилите завршија, во 2009-та се случи пикот на возењето во светот и од тогаш бројката опаѓа. Автомобилите беа добра идеја на дивиот запад во Детроит 1905 година… Деновите на автомобилот како нешто наменето за секого се завршени…. Во густо населен град можете да стигнете секаде за брзо време со пешачење и возење велосипед.”, порачува Јан Гејл, дански урбанизтички планер.