Судство.мк пренесува: Обезбедувањето од Груевски организатори на насилниците од „крвавиот четврток“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според ексклузивната објава на порталот Судство.мк на делови од Обвинителниот Акт Ко.бр.66/17 за крвавиот четврток, во кој се содржани информации кои вчера не беа соопштени од државниот обвинител на одржаната прес конференција, се открива дека обезбедувањето од тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ биле организатори на насилниците кои беа дел од дивеењето во Собранието на 27 април, минатата година.

Александар Василевски Нинџа по налог на лице од обезбедувањето на Груевски кое било со него, примило повик во 14ч30м за да мобилизира 68 насилници, кои се собрале подоцна во ресторан на кејот, каде им биле поделени фантомки.

Во 18ч58м, во обвинението повторно не се изнесува кој му се јавил на Никола Митрески- Кољо за да извршат насилен упад.

Во обвинителниот акт на 15 стрни е наведена хронологија и опис на дејствија , а во наредните 17 се наведни доказите на кои се темели обвинителниот акт, а кој според листата на докази се 422.

Целиот овбинителен акт, интегрално ќе биде ексклузивно објавено на нашиот портал Судство.мк во наредните неколку минути.