Судска „сапуница“: Наместо пресуда за Мијалков во случајот „Тортура“, судот реши повторно да ја отвори постапката


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако нејзиното изрекување беше закажано за денеска, пресудата за начинот на апсењето на лидерот на ОМ Љубе Бошковски во 2011, обвинетите екс шеф на УБК Сашо Мијалков и шестмината „алфи“ не ја слушнаа.

Наместо тоа судијката Александра Ристоска одлучи повторно да ја отвори постапката за овој случај познат под името Тортура. За неа неспорно е дека се случил настан, но образложи дека останало нејасно кој обвинет какво дејство презел.

Обвинението е конципирано на начин што дава еднаква правна квалификација за сите обвинети така што ги товари дека сите презеле исти дејствија на извршување, па за судот остана нејасно кој од обвинетите кое дејствие и со колкав интензитет и обем го презема.

Затекнат како што кажа, од одлуката на судот е застапникот на обвинението обвинителот Љубомир Лапе. Ќе го почека писменото решение за да одлучи како да постапи понатаму.

Но ситуацијата е чиста за одбраната. Адвокатот Љупчо Шврговски вели дека обвинителот е тој што ќе треба да го допрецизира обвинението и да ги објасни поединечно постапките на сите обвинети.

Мијалков е првообвинет во овој случај како поттикнувач, а припадниците на алфите за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување. Судијката Ристоска повторното отворање на главната расправа за предметот го закажа за 8 јули.