Home Вебкафе Судир на „близнаците“

Судир на „близнаците“

Исклучително ретката сообраќајна несреќа се случила во Сингапур каде се судриле два идентични жолти луксузни Lamborghini автомобили. Станува збор за два жолти Aventador примероци, а судирот се случил на 7 јуни, пренесуваат локалните медиуми.

За двајцата сопственици се верува дека се дел од групата на Фејсбук SG Road Vigilante, чии Lamborghini се снимени кон крајот на минатиот месец во пребрзо возење низ градот. И двајцата сопственици ги отстраниле регистарските таблички веднаш по несреќата, па затоа е невозможно да се разликуваат автомобилите.

Двата идентични примероци на Lamborghini имаат исти детали на каросеријата.

Во секој случај, и двата автомобили биле одвлечени по пристигнувањето на полицијата, а покрај оштетувањето на каросеријата, на видеото се гледа дека најмалку еден автомобил претрпел помал пожар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…