Субашиќ: Му реков на селекторот да не ме вади, ќе играм и со една нога!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на хрватската репрезентација, Даниел Субашиќ повторно беше херој на својата земја, но за момент им застанаа срцата на навивачите кога се пожали на повреда.

Имено, Субашиќ почуствува силна болка во бутниот мускул во 88-та минута, па се чекаше продолжението за селекторот да може да ја искористи четвртата замена.

Сепак, Субашиќ остана до крај на теренот и одбрани еден пенал, а потоа објасни дека тој сам побарал од секеторот да не го менува.

„Му реков на селекторот да не ме вади од игра и дека ќе играм со една нога ако треба, нека ја сочува таа измена за некој друг“, објасни Субашиќ.

„Горд сум, среќен и презадоволен. Сите играме за ова и сите сакаме да направиме нешто повеќе. Му благодарам на Бог што го награди нашиот труд. Знаев дека Смолов така шутира пенали, но пак ќе кажам, тоа се е лотарија. Од нашето заедништво доаѓа овој резултат. Сите гинеме еден за друг и заслуживме полуфинале и без пеналите“, додаде голманот на „коцкестите“.