Суарез ја напушта Барса – пред потпис со Милан!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Барселона, Денис Саурез.

Милан сака да го засили средниот ред и во Суарез гледа идеална алтернатива за Биглиа и Бонавентура во тимот.

„Росонерите“ беа заинтереситани за Шпанецот и во летниот преоден рок, но сумата од 40 милиони евра која ја бараше Барселона беше превисока за миланскиот клуб.

Сега работите се променија бидејќи Суарез воопшто не добива шанса кај Валверде и самиот сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.

Италијанските медиуми тврдат дека преговорите се во напредна фаза и дека Милан го сака играчот на позајмица со можност за откуп на крајот на сезоната за 35 милиони евра.

https://twitter.com/TheMilanBible/status/1057639511948111872