Студентски маки големи: Не знаеле дека шпагетите се варат во вода


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во 2018 година три американски студентки на размена во Италија предизвикале пожар бидејќи се обиделе да зготват шпагети – без вода.

Инцидентот се случил на улицата Пеличерија во центарот на Фиренца, а пожарникарите брзо успеале да го изгаснат пламенот кој зафатил дел од кујната. Била повикана и полиција. Трите девојки, се испоставило, купиле тестенини и кога стигнале дома, ги ставиле во тенџере и ја вклучиле плочата. Признале дека не знаеле дека им треба и вода во тенџерето.

Неколку минути подоцна, тенџерето се запалило, поради што морале да се јават во противпожарната служба. Веста за студентките кои не знаеле да готват тестенини брзо се раширила во таа земја, па готвачот Фабио Пичи веднаш се огласил и решил да им даде на студентите четири часа учење како да готват тестенини.

„Како генерација и како Фиренца се чувствувам виновен. Чувствувам дека има силен комуникациски дефицит во овој град. Што им пренесовме на овие девојки кои дојдоа овде да учат и се обидоа да го направат најтипичното јадење од нашата гастрономска култура?Немаме што да се смееме, не е смешно. Решив да им дадам 4-часовен бесплатен курс за италијанско готвење и ги канам на ручек во мојот ресторан“, изјавил готвачот за италијанските медиуми.

Приказната за несреќните студентки сега повторно се појави на 9GAG и насмеа илјадници луѓе.