Во КПД Идризово почина Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотен затвор за нападот на полициски „алфи“ кај ПМФ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доцна синоќа во затворот „Идризово“ починал Реџаил Ќерими, еден од осудените на доживотен затвор за нападот на полициските „Алфи“ кај Природно математичкиот факултет во Скопје.

Од МВР за Фокус потврдиле дека има пријава за починат затвореник на педесет и двегодишна возраст. Телото на починатиот не е дадено на обдукција, туку на семејството за погреб.

Во нападот во 2008 година на паркингот кај Природно-математичкиот факултет беше убиен полицаецот Африм Арифи, а двајца припадници на „Алфите“ беа тешко повредени.

За овој напад на доживотен затвор беа осудени Реџаил Ќерими, Агим Ислами и Алмир Дрпљанин, додека Рамадан Шаќири беше осуден на девет години затвор. Одбраната на осудените бараа да се повтори судењето, а семејствата тврдеа дека осудените за нападот се невини.