Home Актуелно Студено петочно утро и повисоки дневни температури

Студено петочно утро и повисоки дневни температури

Во Македонија денеска, петок, 24. септември, наутро времето ќе биде студено, а во текот на денот претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 22 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со значително повисоки дневни температури.

До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени. Од вторник ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет..

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…