Македонски полицајци фатени со дрога во Албанија – од МВР велат дека дрогата била заборавена во автомобилот од 2016 година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двајца македонски полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал вчера биле фатени со дрога во Албанија, при влез во Црна Гора.

Службеници на царинската испостава Сукобин која се наоѓа на границата меѓу Албанија и Црна Гора во координација со Управата за полиција спречиле криумчарење наркотици, соопшти Управата за приходи и царини на Црна Гора, а пренесува држваната црногорска телевизија. Возилото, како што се наведува во пренесното соопштение било со македонски регистарски таблички.

“Службениците на царинскиот терминал Сукобин во координација со Управата за полиција при контрола на патничко моторно возило пронајдоа поголема количина растителна супстанција за која постои основано дека се работи за наркотици. Возилото со регистарски таблички од Република Северна Македонија кое се движело во насока од Албанија кон Црна Гора, а супстанцијата спакувана во повеќе различни пакувања е пронајдена скриена во бункер на возилото наметенето за криумчарење“, се наведува во соопштението.

Од МВР го потврдија случајот, но тврдат дека станува збор за претходно запленета марихуана која останала во возилото, скриена во бункер под седиштата. Од министерството додаваат дека двајцата службеници веќе се вратени во Скопје.

„Во текот на вчерашниот ден, вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР се упатиле на обука во Црна Гора, и за патување до таму задолжиле службено возило од авто паркот на МВР, кое инаку МВР го користи откако е добиено од Агенцијата за управување со одземен имот, а било запленето од страна на Царинската управа во акција за сузбивање на трговија со дрога во 2016-та година. Кога стигнале на границата меѓу Албанија и Црна Гора, во возилото била пронајдена марихуана, која била скриена под седиштата. Но, вработените во МВР немаат никаква врска со дрогата туку таа била сокриена во автомобилот, односно останала од 2016-та година кога ова возило било запленето во акција на Царинската управа, а потоа дадено на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде пак е отстапено на МВР. Вработените во МВР немаат никаква поврзаност со дрогата и тоа го потврди и албанското јавно обвинителство и тие се веќе вратени во Скопје“, се вели во одговорот на МВР.

Оттаму додаваат дека за целиот случај го известиле и нашето Јавно обвинителство за натамошно постапување и расчистување на случајот.