Студена среда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, среда, 12. јануари, ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната од -1 до 6 степени.

Во Скопје, сончево и студено со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 3 степени.

Од утре следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштат и под -10 степени.