Home Актуелно Студена февруарска среда

Студена февруарска среда

Денеска, 2. февруари, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 1 до 7 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени. Маврово 2, Охрид 4, Битола и Крива Паланка 3, Берово 1, Кавадарци 5, Дојран 6 степени.

Утре ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб локален снег и ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови. Од петок времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…