Home Шоубизнис Сцената од новиот хорор хит е толку пореметена што ја истрауматизира публиката

Сцената од новиот хорор хит е толку пореметена што ја истрауматизира публиката

Кон крајот на април, Amazon на CinemaCon прикажа сцена од римејкот на Suspiria, славниот хорор филм на Дарио Аргенто од 1977 година, сега во режија на Лука Гвадањино, а снимката буквално ја ужасна широката публика.

„Тоа е една од најсјебаните работи кои сум ги видел на CinemaCon“, напиша на Твитер Стивен Вејнтроб, уредник на сајтот Collider.com. „Луѓето околу моето биро ги вртеа главите од екранот. Сè што можам да кажам е дека тоа е одвратно и надвор од секаква крајнот и морам да видам уште од тоа“, додаде тој.

Пред една недела, за филмот во кој главните улоги ги играат Дакота Џонсон и Тилда Свинтон, Amazon го пушти и првиот „тизер“. Сцената не е толку одвратна колку таа што ја истрауматизира публиката на CinemaCon, но и од неа е видливо што е вознемирувачко за гледачите.

Suspiria е римејк на истоимениот филмски класик од 1977 година на италијанскиот режисер Аргенто, во кој Џонсон и Свинтон глумат студентки по танц кои откриваат страшна тајна во школата.

Публиката не е единствената која ја потресе филмот. Дакота Џонсон за Elle изјави дека филмот „толку ја сјебал што морала да оди на терапија“.

Саундтракот за филмот го направи Том Јорк од Radiohead, а инспириран е од славната музика на Вангелис за Blade Runner.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …