Home Семејство Стресот и менталното здравје

Стресот и менталното здравје

Од ментални нарушувања страдаат стотици милиони луѓе во светот. Проблемите се одразува пред се на самата индивидуа, а потоа и врз нивните најблиски. Во некој период од животот секој човек ќе се соочи со предизвици кои може да имаат краткотрајни, но и долготрајни последици по менталното здравје. Но, покрај тоа што се засегнати огромен број луѓе, менталните нарушувања се уште се табу-тема, не им се посветува соодветно внимание и  овие луѓе често се предмет на дискриминација.

Едно од најпосакуваните нешта во животот е здравјето. Тоа е услов за остварување на сите човечки функции и можности. Доброто ментално здравје значи сочувство, благосостојба, почит, самодоверба, оджување на емотивна рамнотежа, здрава исхрана и јасно поставена цел. Но, често несоодветната кординација меѓу наведениве нешта доведуваа до ментални проблеми кои резултираат со анксиозност, депресија и различни растројства кај личноста.

Огромниот притисок и стрес со кој се соочуваат луѓето поради работата, недостатокот на финансии, семејните предизвици и очекувања го земаат својот данок преку здравјето. Последиците од стресот имаат огромен негативен импакт на целокупното здравје и за жал стресот е секојдневно нешто кое не можеме да го одбегнеме во модерниот и брз начин на живот. Стресот е особено штетен кога трае подолго време и тој предизвикува срцеви заболувања, депресија и дијабет.

Грижата за нашето ментално здравје е еден од главните човечки потреби преку усмерување на позитивните мисли и пронаоѓање на своите вистински способности и потреби. Зад секој човек се кријат илјада обиди,се додека не го постигне саканиот успех.

Стефани Крстевска,

Студент на Институтот за семејни студии, Филозофски факултет

Load More Related Articles
Load More In Семејство
Comments are closed.

Check Also

Грижата за семејното здравје поважна од било кога

Како човечки суштества нашето здравје и здравјето на тие што ги сакаме е наша секојдневна …