Home Вебкафе Странци се жалаат дека биле измамени во Пештани – им бапнале 12,5 кила охридска пастрмка

Странци се жалаат дека биле измамени во Пештани – им бапнале 12,5 кила охридска пастрмка

Извесен Јоханес Рајх на Google Maps, на локацијата поврзана со пештанскиот ресторан „Кај Вили“, има оставено прилично негативен коментар и опис на лошото искуство кое го имале во овој крајезерски локал каде, како што тврди, биле бескрупулозно изманипулирани и измамени.

„Имавме многу непријатно искуство во овој ресторан. Бевме група од девет луѓе и ни рекоа дека вечерта имаат свежа пастрмка од езерото. Седуммина од нас нарачаа риба и по некоја салата и зеленчук за сите. За пиење земавме пиво, а после црвено вино.

Уште на почетокот донесоа многу повеќе отколку што нарачавме и не ни рекоа колку риба ќе биде тоа. Кога дојде сметката, видовме дека нè послужиле со најскапото вино (1.500 денари шише) а имаше и шестоки пијачки кои ниту ги нарачавме, ниту ги добивме.

Но, најгротескно беше што нè послужија со 12,5 килограми риба, без и да нè прашаат колку сакаме.

На крај, сметката беше преку 50.000 денари. Им рековме дека не се согласуваме со сметката и дека се чувствуваме како жртви на измама. Им рековме дека сакаме да зборуваме со менаџерот. Рекоа ќе дојде ама никогаш не дојде. Наместо него, ни дојде приватно обезбедување и почна да се заканува. Решивме да почекаме полиција. На крај, ја намалија сумата за околу илјада денари, но мислиме дека и тоа е превисоко и дека сме измамени. После три часа расправии, плативме .

Накратко, би ве замолил да не поддржувате вакво однесување кое е нефер и не покажува никакво гостопримство. Вакво однесување целиот крај и сите негови фини и пријателски луѓе ги прикажува во лошо светло, и тоа е она најлошото од сè“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…