Home Актуелно Страницата за резултати на ДИК профункционира – еве што велат достапните податоци

Страницата за резултати на ДИК профункционира – еве што велат достапните податоци

Откако конечно, после два дена неизвесност, профункционира сајтот за резултати од предвремените парламентарни избори на Државната изборна комисија, таму можат да се видат неофицијалните резултати од гласањата во понеделникот, вторникот и масовното гласање од средата. Според овие податоци излезноста на овие избори била 51,34 отсто од гласачите. Гласале 942.334 граѓани, важечки гласови 910.868, а избројани се 31.466 неважечки ливчиња.

Излезноста по изборни единици е следна: ИЕ1 – 52,56%, ИЕ2 – 48,67%, ИЕ3 – 57,63%, ИЕ4 – 60,19%, ИЕ5 – 50,5% и ИЕ6 39,98%.

Најголема билча излезноста во Крива Паланка – 72,46%, во Крушево 71,0 %, Новаци 70,76 отсто, Македонски Брод 70,09%, а најмала излезност е регистрирана во Центар Жупа 21,7% и Маврово-Ростуше 29,94 отсто.

Според конечните неофицијални резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа вчера, Коалицијата Можеме предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ и други 44, Демократската унија за интеграција (ДУИ) 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.

Од ДИК соопштија дека во првата ИЕ коалицијата Можеме освои осум пратеници, ВМРО-ДПМНЕ седум, ДУИ два, Алијанса на Албанците и Алтернатива два и Левица еден пратеник. Во ИЕ2, ВМРО-ДПМНЕ и Можеме освоија по седум мандати, ДУИ три, АА/А три пратеници. Во ИЕ3, ВМРО-ДПМНЕ освои 10 пратеници, Можеме девет и Левица еден пратеник.

Во ИЕ4 мандатите ги поделија ВМРО-ДПМНЕ и Можеме, односно по 10 пратеници. Во ИЕ5 ВМРО-ДПМНЕ и Можеме освоија по осум пратеници, ДУИ три, и АА/А еден пратеник. Во шестката, ДУИ освои седум, АА/А шест, Можеме четири, ВМРО-ДПМНЕ два и ДПА еден пратеник.

СДСМ и коалицијта освоиле 327.329 гласа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 315.344 гласа, ДУИ 104.587 гласови, Алијанса за Албанците 81.827 гласа, Левица 37.551 глас и ДПА 13.891 глас.

Во ИЕ 1, коалиција СДСМ освои 54.578 гласови, односно осум пратенички места, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 50.564 гласови – седум мандати, ДУИ 19.672 – две, АА 14.143 – две, ЛЕВИЦА 12.124 едно пратеничко место и ДПА 1.964.

Во Изборна единица 2, Коалиција СДСМ 47.852, односно седум мандати, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 47.929 – седум пратенички места, ДУИ 22.078 три, АА 20.783 – три, ЛЕВИЦА 5.896 и ДПА 1.821

Во ИЕ 3 Коалиција СДСМ 66.853 гласови – девет мандати, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 71.551, односно 10 пратенички места, ДУИ 3.331, АА 992, ЛЕВИЦА 6.939 – еден мандат и ДПА 242 гласови.

Изборна единица 4 – Коалиција СДСМ 77.195 гласови – 10 мандати, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 74.478 10 мандати, ДУИ 293, АА 213 и ЛЕВИЦА 6..836

Во Изборна единица 5, Коалиција СДСМ 56.622гласови, односно осум пратенички места, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 55.159 – осум мандати, ДУИ 21.745 – три мандати, АА 10.716 еден мандат, ЛЕВИЦА 4715 и ДПА 781.

Во Изборна единица 6 Коалиција СДСМ 24.229 – четири мандати, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 15.663 – две пратенички места, ДУИ 37.468 – седум мандати, АА 34.450 – шест, ЛЕВИЦА 1041 и ДПА 9083 – еден мандат.

Повеќе партии најавија приговори.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…