Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во моментов, в Индија има 1 милион потврдени случаи на новиот коронавирус, а во Бразил 2 милиони.
И покрај зголемувањето на дневната стапка на заразени, стапката на смртност во Бразил главно е рамна. Но во Индија бројот на луѓето што секојдневно умираат од ковид-19 се зголемува.
Во Бразил дури и додека во најголемите и најпогодени градови епидемијата слабее, се појавуваат нови жаришта на вирусот во целата земја. Вкупната бројка на мртви е 76.000.
Индија досега има вкупно 25.000 мртви и 600.000 оздравени.
Над 590.000 луѓе низ целиот свет го загубија животот во пандемијата, според податоците на универзитетот Џон Хопкинс. Речиси 14 милиони луѓе на глобално ниво се заразени.