Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
81-годишниот Мауро Моранди во Италија често го нарекуваат „италијански Робинзон Крусо“ бидејќи живее на островот Будели, дел од архипелагот Мадалена во близина на Сардинија, уште од 1989 година. Таа година, бродска несреќа го донела на пустиот остров познат по своите розеви плажи.
Оттогаш тој одлучи дека островот ќе стане негов нов дом. Тој се сместил во порнаешно засолниште од Втората светска војна со поглед на заливот. Го запознал секој дел од островот и неговиот животински свет и реши да стане негов заштитник.
Сега, поради одлука на владата, тој треба да се пресели од островот до крајот на годината, бидејќи Будели ќе стане опсерваторија за животна средина.
На туристите им е забрането одење на розовата плажа на островот и пливање во морето од 90-тите години. Но, во текот на денот тие можеле да го посетат островот со брод и да се шетаат зад познатата плажа. Со години, Моранди, кој денес донекаде потсетува на Ернест Хемингвеј, ги чуваше плажите непроменети и ги чистеше патеките. Во целосна изолација далеку од родниот град Модена во Емилија Ромања, Моранди примал само неколку посетители, најчесто во текот на летните месеци. Тој вовел и еднодневни екскурзии на јахти и чамци за запознавање со екосистемот на островот.
View this post on Instagram
За овој италијански Робинзон Крусо, тивкиот живот во природа сега би можел нагло да се прекине.
– Мислата за враќање во живот и општество кое лошо ја третира природата е многу вознемирувачки факт. Природата треба да се сака и почитува – рече тој за „Гардијан“.
Неговата улога како заштитник на екосистемот за прв пат се најде под закана во 2013 година кога компанијата што го поседува островот банкротирала. Плановите за продажба на островот во 2013 година на бизнисменот од Нов Зеланд, Малком Харт, кој вети дека ќе го задржи Моранди на островот, не успеале поради интервенцијата на италијанската влада. Судијата од Сардинија пресуди во 2016 година островот да се врати на државата. Со островот Будели сега управуваат Националните паркови Ла Мадалена, кои планираат да го претворат островот во центар за едукација. Затоа Моранди треба да се исели од својот дом до крајот на годината.
View this post on Instagram
На Мауро Моранди, кој живее на рајски остров надвор од цивилизацијата повеќе од три децении, му се заканува иселување.
Но, тој тврди дека нема „втор дом“.
– Јас разбирам дека треба да работат на островот, но би сакал да знам дали ќе можам да се вратам после тоа и да бидам чувар на островот – рече тој.
View this post on Instagram
Навестувања за неговото иселување прв пат се појавиле во 2017 година, но луѓето собрале над илјада потписи во петицијата за да го задржат на островот.
View this post on Instagram
Последниот пат кога го напуштил Будели било во 2018 година да ги посети своите деца во Модена. Храна му се доставува со брод од главниот остров Мадалена, а сончевиот колектор го снабдува со енергија во текот на целата година. Во зима, кога нема посетители, тој ги поминува деновите собирајќи дрва, читајќи и спиејќи. Иако долго време му се спротивставувал на модерниот живот, тој сега секојдневно и редовно користи Инстаграм каде неговите слики од островот станаа сензација на социјалните мрежи. Тој сега има над 50.000 следбеници.