Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако прво пријателски и колегијално се поздравија сретнувајќи пред Јавното обвинителство, портпаролот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски и пратеникот од владејачката СДСМ, Костадин Костадинов почнаа жолчна расправа околу референдумот и тоа во присуство на камерите и медиумските претставници.
Претходно, Стоилковски соопшти дека ВМРО ДПМНЕ воопшто нема да преговараат за обезбедување на двотретинско мнозинство во Собранието за уставни измени. Вели дека, според законите и Уставот, референдумот не помина и не смеат да се прават понатамошни чекори кон легализација и вметнување на Договорот во правниот систем, пренесува Телма.
Портпаролот ги повтори условите за вонредни избори, што уште прексиноќа ги соопшти партискиот претседател Христијан Мицкоски.Тоа се техничка влада, Јавен обвинител на предлог на опозицијата и Анкетна комисија за референдумот. Овие услови, пак, не се прифатливи за СДСМ.
Костадинов обвини дека, зад овие услови на Мицкоски всушност се крие барање за амнестија на поранешниот премиер, Груевски. Потврди дека, од СДСМ се уште не испратиле покана за преговори и ја отфрли можноста за тајно гласање во Собранието, што деновиве се пласира во медиумите, како заштита на пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои би сакале да гласаат „за„, но стравуваат од јавна осуда во својот политички кампус. Вели дека гласањето мора да биде јавно, затоа што нема потреба од криење.