Овој трансфер е доказ дека Мурињо го загубил компасот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради лошата игра во одбрана на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е спремен да направи во најмала рака чуден трансфер.

Шведските медиуми пренесуваат дека Мурињо е заинтересиран за 33-годишниот шведски репрезентативец Андреас Гранквист.

Ова лето Гранквист се врати во Шведска и го облече дресот на Хелсинборг, но според медиумите голема е веројатноста во јануари да го засили Манчестер Јунајтед.

„Добив информација дека неколку руски клубови ме сакаат, а тоа за Манчестер Јунајтед ми годи, но не сум слушнал ништо. Сега се чувствувам многу добро во овој клуб, но не ја исклучувам можноста за трансфер. Ако во јануари пристигне понуда од некој клуб ќе ја разгледам“, изјави Гранквист.

https://youtu.be/wcK-JH8uzeY