Home Шоубизнис Стоечки овации за Симон Трпчески и Максим Венгеров во легендарната Карнеги Хол

Стоечки овации за Симон Трпчески и Максим Венгеров во легендарната Карнеги Хол

Светски познатиот пијанист и музичка македонска гордост, Симон Трпчески, заедно со руски виолинист Максим Венгеров ја воодушевија публиката со својот концерт во легендарната сала „Карнеги хол“ во Њујорк.

Ова беше втор нивен заеднички концерт од турнејата, откако претходно имаа успешен настап и во Лондон.

Двајцата врвни музичари добија стоечки овации од публиката, а за возврат отсвиреа дури три биса.

Трпчески и Венгеров лани првпат свиреа заедно на фестивалот „Музика мунди“ крај Брисел. Тие в четврток ќе имаат настап на големата сцена на Париската филхармонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …