Home Спорт Стигна потврда: Позната судбината на Зидан во Реал!

Стигна потврда: Позната судбината на Зидан во Реал!

Весникот „Марка“ кој е близок до „кралскиот“ клуб денес потврди дека Зинедин Зидан и следната сезона ќе седи на клупата на Реал Мадрид.

Договорот на францускиот стратег истекува на крајот на оваа сезона, а според истиот извор, претседателот Флорентино Перз ќе му понуди нов едногодишен договор.

Зидан, на клупата на Реал го замени Рафа Бенитез, во јануари минатата година и успеа да ја освои Лигата на шампионите. Во тековната сезона Реал е во најдобра позиција во борбата за шампионската титула, која Реал последен пат ја освои пред пет години.

Зидан со Реал е на добар пат да се пласира и во полуфиналето во Лигата на шампионите. Доколку оваа сезона ја освои домашната титула и Лигата на шампионите, ќе биде првиот тренер по 1958 година кој во една сезона ја освоил Примера и Лигата на шампионите со „кралевите“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…