Home Актуелно Статистички, просечната нето плата во Македонија во април била 36.134 денари

Статистички, просечната нето плата во Македонија во април била 36.134 денари

Според статистичките податоци на Државниот завод за статистика, просечната нето плата во април изнесува 36.134 денари и е зголемена за 14,6 проценти во однос на истиот месец минатата година.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1 проценти), Административни и помошни услужни дејности (21,7 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8 проценти).

Зголемување во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,7 проценти), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (13,2 проценти) и Административни и помошни услужни дејности (12,5 проценти).

Просечната бруто-плата изнесува 54 177 денари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…