Сончева и топла среда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, среда, 21. јуни, ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и дневна температура од 32 степени. Маврово 24, Охрид 28, Битола 30, Крива Паланка 28, Берово 26, Кавадарци 33, Дојран 34.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Во Скопје сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 25 дo 34 степени.