Фудбалериве долу испишуваат негативна и срамна историја, овие горе си мерачат во ложата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во Англија, на Олд Трафорд, доживеа историски резултатски срам, но срам немаа некои членови на Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да објават со какво уживање го гледале мечот на Олд Трафорд.

Македонија го одигра најлошиот меч во својата историја, примивме седум гола, не ни шутнавме кон Пикфорд, имавме само три напади за 90 минути. Јавноста беше гневна на тоа што го виде, негативни коментари доаѓаа од сите страни, но тоа не само што не допре до некои луѓе кои го водат фудбалот, туку тие покажаа дрскост да се пофалат колку убаво си поминале на мечот.

Вчера Борче Лазаревски на социјалните мрежи постираше фотографија како ужива на Олд Трафорд заедно со Марјанчо Стојкоски и Владимир Гашевски, пијат убаво вино додека македонските фудбалери испишуваат негативна историја.