Стартува новогодишната турнеја „Четири скокалници“

Традиционално за време на Новогодишните празници, спортската јавност е свртена кон турнеката Четири скокалници, која оваа година ќе се одржи по 65-ти пат. Австријците, се доминантан нација изминатите години, имаа низа од седум победи која минатата година ја прекина Петер Превц.

Новогодишната турнеја се одржува на четири скокалници: Оберсдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен.

Почетокот на Новогодишната турнеја е резервиран за 30.декември во Оберсдорф, а наредниот ден ски скокачите се селат во Гармиш, каде по традиција се натпреваруваат во првиот ден од новата година.

По Оберсдорф (вторник, 16:45 ч) и Гармиш-Партенкирхен (1.јануари, 14 ч), ќе следат натпреварите во Инсбрук (3.јануари, 14 ч) и Бишофсхофен (5.јануари, 16:45 ч).

Титулата ја брани Словенецот Петер Превц, кој е и актуелен победник во Светскиот куп, но тој од почетокот на сезоната се наоѓа во лоша форма. Како главен фаворит се издвои неговиот помлад брат, 17-годишниот Домен кој води во Светскиот куп со 540 бодови.

„Мене секоја скокалница мие иста, нема никаква разлика. Воопшто не се грижам, целосно сум релаксиран пред почетокот на турнејата, така е најдобро. Четирите скокалници преставуваат натпревари на четири скокланици во еден кус период. Ниту нокаут системот нема да предизвика никаква разлика“, рекол 17-годишниот Домен Превц.

Зад Домен Превц, во генералниот пласман во Светскиот куп се наоѓаат Танде од Норвешка, Австриецот Крафт, Стох од Полска, Германецот Фројнд…

Инаку, во 65-годишната историја на ова натпреварување особено се истакнуваат две имиња, Јане Ахонен и Свен Ханавалд. Легенадраниот Финец има најмногу победи на турнејата, тој триумфирал во 1999, 2003, 2005, 2006 и 2008 година, додека Ханавалд е единствениот кој успеал да победи на сите четири скокалници за време на турнејата.