Home Спорт „Стариот лисец“ со совет дo „кралевите: Задржете го Мората!

„Стариот лисец“ со совет дo „кралевите: Задржете го Мората!

Трофејниот шпански тренер Висенте Дел Боске изјави дека Реал Мадрид би требало да го задржи, Алваро Мората.

Мората минатата сезона не добиваше премногу простор за игра на „Сантијаго Бернабеу“ и поради тоа сака да замине, а помеѓу оние кои сметаат дека Зинедин Зидан треба да го задржи Шпанецот е и поранешниот селектор на шпанската репрезентација, Висенте Дел Боске.

„Доколку јас би бил тренер на Реал Мадрид, би го задржал. Тој е сениорски репрезентативец на Шпанија, а Реал никогаш не треба да ги пушта своите најдобри фудбалери“, смета Дел Боске.

Како наредната дестинација во кариерата на Мората се споменува Манчестер Јунајтед со кој наводно шпанскиот фудбалер веќе ги договорил личните услови, но и покрај малата минутажа Реал нема намера да го пушти за сума помала од 80 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…