Home Вебкафе Среќна е што има лице: Водителката за малку буквално ќе останеше без глава

Среќна е што има лице: Водителката за малку буквално ќе останеше без глава

Австралиската ТВ водителка речиси ќе си ја откинеше главата самата себеси за време на научниот прилог кој го пренесуваше во живо во рамки на утринската програма.

Натараши Белинг, водителка на Studio 10, гостинот „научник“ ја понуди да учествува во обидот кој се состои од мешање на Кока Кола и течен кислород.

Водителката, која призна дека не баш внимателно ги следела претходните изведби на експериментот, во клучниот момент го испушти шишето и истото се упати право кон нејзината глава.

Делувајќи целосно збунето после инцидентот, водителката изјави дека не слуша ништо со своето десно уво.

Мешањето на Кока Кола и течен кислород е популарен начин да се направи импресивна, а евтина „ракета“. Кога разладениот кислород ќе се измеша со потопол газиран пијалок, брзо се шири што резултира со исклучително брзо „излетување“ на шишето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…