Home Вебкафе Среќа во „несреќа“: Им го запусти изненадувањето при запросувањето (фото)

Среќа во „несреќа“: Им го запусти изненадувањето при запросувањето (фото)

Еден фотограф во Арканзас направи неверојатна грешка минатиот викенд: случајно фотографирал погрешно запросување на една двојка и целосно го испуштил долгото планирано запросување на клиентот кој го ангажирал.

Клиентот барал тајно да го фотографира тој момент кој требало да се одржи на романтично изгрејсонце на една карпа позната како Hawksbill Crag.

Подоцна, клиентот сакал да си ја изненади неговата свршеница со неверојатни фотографии од нив двајца.

Видел двајца на една карпа, момче кое клекнало, па прстен, па бакнежи и не ни се двоумел дали тоа е двојката. Кога стигнал дома го исконтактирал клиентот, му честитал и му кажал дека фотографиите се неверојатни.

„Збунет сум, не те видовме и стигнавме таму малку подоцна.. Сигурен си дека тоа бевме ние? Јас бев облечен во сина маица и шал“, му вратил клиентот.

Кога сфатил дека фотографирал погрешна двојка, мислел дека залудно потрошил 6 часа, 450 фотографии и 40 долари на бензин и храна. Сепак по некое време решил јавно да ги објави фотографиите на Facebook и да се потруди да ја најде двојката.

Набрзо ги пронашол и им ги дал фотографиите. На клиентот ќе му се оддолжи на тој начин што ќе им направи романтична фотосесија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Меѓу светлината на рефлекторите и темнината на болеста: Емилија Кларк како симбол на храброст

МЕЃУ СВЕТЛИНАТА НА РЕФЛЕКТОРИТЕ И ТЕМНИНАТА НА БОЛЕСТА: ЕМИЛИЈА КЛАРК КАКО СИМБОЛ НА ХРАБР…