Home Актуелно Средба на годината

Средба на годината

На маргините на НАТО самитот во литванскиот град Вилнус, премиерот Димитар Ковачевски имаше куса средба со американскиот претседател Џо Бајден.

Како што самиот Ковачевски објави, средбата со Бајден била можност накратко да поразговараат за важноста на европските и евроатланските интеграции на Македонија и земјите од Западен Балкан како еден од предусловите за обезбедување на мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот.

Ковачевски претходно се сретна и со британскиот премиер Риши Сунак, со премиерите на Словенија Роберт Голоб, на Луксембург Ксавиер Бетел, на Бугарија Николај Денков, како и со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…