Среда со сончево претпладне и попладневна дестабилизација


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денешниот 28-ми августовски ден, среда, времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала умерена облачност, а попладне, во вечерните и ноќните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне и во вечерните часови променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 28 степени.

И утре ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура, а попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.