Home Актуелно Среда со магливо претпладне и сонце во остатокот од денот

Среда со магливо претпладне и сонце во остатокот од денот

Денеска, среда, 9. ноември, времето во Македонија претпладне ќе биде со магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Дневните температури ќе се движат од 15 Целзиусови степени во Маврово, Охрид 16, Скопје, Крива Паланка и Битола 17, Берово и Кавадарци 18, до 20 степени во Дојран.

И утре ќе имаме магливи утра и ниска облачност по одделни котлини, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе се движат од 14 до 20 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…