Според Жан Митрев на неговата клиника немало профитерство за времен на Ковид-19 пандемијата


Меси против Левандовски -11 ден ↓↓↓



Додека обвинителството сè уште истражува дали Жан Митрев правел измама и профитирал на сметка на Ковид пациенти применувајќи го методот за хемофилтрација тој тврди дека немало никакво профитерство, туку на тој начин им давал шанса да преживеат.

После 5 месеци откако беше оформен предмет по допрен глас откако ИРЛ објави документарец за работата на Клиниката, Митрев на брифинг со новинарите се правдаше дека не била правена клиничка студија, а хемофилтрацијата во болницата ја применувале од 2008 година. Тврди дека против – правно не земал ниту денар од никого. Од 625 пациенти на кои им била направена хемофилтрација, половината преживеале.

Според него еден ваков третман чинел 3000 евра, а ден болнички престој 600 евра.

– Тоа беа многу тешки пациенти, ние им дававме шанса повеќе да преживеат инаку ќе беа починати, изјави преде медиумите д-р Жан Митрев.

Доктор Жан Митрев како што рече ќе се борел за правдата и ќе докажел дека против него се водела хајка со клевети, лаги и манипулации, а ова го спореди со атомска бомба бидејќи изминатите месеци покрај психичкки терор, болницата имала 100 проценти загуби.

Тој се сомнева дека целта била згаснување на установата.

– Желбата е сигурно , но ќе им кажам на тие кои се нарачатели дека нема да успеат, изјави д-р Жан Митрев.

Во август обвинителството отвори истражна постапка за примената на хемофилтрацијата во болницата, а претходно судот му го одезма пасошот на доктор Жан Митрев, а тој даде милион евра гаранција дека нема да бега и ќе биде достапен на правосудните органи додека се води постапката.