Home Спорт Србија прокоцка предност од два гола во драматичниот дуел против Камерун

Србија прокоцка предност од два гола во драматичниот дуел против Камерун

Србија и Камерун одиграа возбудлив натпревар со многу голови пресврти, кој на крајот заврши без победник 3:3

Србија уште од самиот старт тргна офанзивно и првата голема шанса на мечот ја имаше Митровиќ во 12-та минута, но биеше покрај стативата.

Тоа го казни Камерун, кој прв постигна гол, откако Кастелето во 28.минута остана сам на втората статива после еден корнер.

Потоа следуваше период во кој доминираше Србија, па направи комплетен пресврт во само неколку минути. Павловиќ израмни на 1:1, а за пресврт погоди Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

На стартот на вториот дел Митровиќ зголеми на 3:1, па се чинеше дека Србија ќе дојде до лесна победа. Меѓутоа, за само две минути Камерун постигна два гола поради лошо поставената офсајд замка на Србите.

Србија со крајот се обидуваше да стигне до победа, во 76-та минута Митровиќ имаше добра шанса, излезе сам пред голманот, но не успеа да го совлада.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…