Home Шоубизнис Мексиканскиот боксер Канело до Меси: „Те видов како го бришеш подот со нашето знаме – моли се на Бога да не те најдам!“

Мексиканскиот боксер Канело до Меси: „Те видов како го бришеш подот со нашето знаме – моли се на Бога да не те најдам!“

Аргентинците го победија Мексико во второто коло од групната фаза, а после тоа следеше голема прослава во соблекувалната.

По натпреварот на удар на јавноста се најде Меси, а доби дури и закани од мексиканскиот боксер Саул „Канело“ Алварез кој тврди дека Аргентинецот го газел знамето на Мексико.

Според видео од славјето во соблекувалната на Аргентина, мексиканските медиуми го обвинија Леси дека намерно со дресот на Мексико, кој го разменил со еден од нивните репрезентативци по мечот, го бришел подот во соблекувалната и одел по него.

„Видов како Меси го чистеше подот со нашето знаме и дрес. Моли се на Бога да не те најдам“, се закани Канело.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Филаделфија Иглс со важна вест за Џејлен Хертс по дијагнозата за згрутчување на крвта

Квотербекот на Филаделфија Иглс, Џејлен Хертс, ќе биде надвор од терените најмалку еден ме…