Хаос на улиците во Брисел по победата на Мароко против Белгија (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На улиците на Брисел ескалираа нереди во хаотична атмосфера откако Мароко ја победи Белгија на Светското првенство во фудбал. Околу 100 полицајци интервенирале со два водени топови и солзавец за да ја растераат толпата која уништувала имот.

Како што пренесуваат медиумите, толпата ја гаѓала полицијата со камења, ги уништила автомобилите во близина, искршила излози, а запалени се и голем број електрични трицикли.

Непосредно пред крајот на натпреварот, неколку десетици луѓе, меѓу кои некои со качулки, излегоа во центарот на Брисел „барајќи пресметка со полицијата“, загрозувајќи го јавниот ред и безбедност, соопшти полицијата.

Полицијата ги повика жителите на Брисел да го избегнуваат центарот на градот, за да не бидат во опасност при пресметката со демонстрантите.

Натпреварот помеѓу Белгија и Мароко го следеа на јавни места навивачи на двете репрезентации.

Во Белгија има голема заедница на марокански иселеници.