Понеделничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето во Македонија во утринските часови на места ќе провејува снег. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и слаб северен ветер и дневна температура до 7 Целзиусови степени. Маврово 1, Охрид 6, Битола, Крива Паланка и Берово 4, Кавадарци 8, Дојран 10.

Утре наутро ќе биде студено, а преку денот променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје променливо облачно со слаб северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 3 до 10 степени.