Home Актуелно Србија на прво место во Европа според бројот на смртност заради загаден воздух

Србија на прво место во Европа според бројот на смртност заради загаден воздух

Нашиот северен сосед Србија се најде на озлогласеното прво место во Европа според бројот на смртни случаи какопоследица од загадениот воздух, пренесува „РТС“.

Според истражувањето на Глобалниот сојуз за здравје и загадување, Србија е прва во Европа и деветта во светот во однос на смртноста по основ на разни видови загадување, пред се поради загадувањето на воздухот.

На глобално ниво, 8,3 милиони луѓе умираат секоја година од загадување.

Поради различни видови на загадување на животната средина, годишно 12,000 луѓе умираат предвремено во Србија. Овој факт ја става Србија на првото место во Европа, но и како единствена европска земја меѓу првите десет во светот.

Шест илјади луѓе умираат од загадувањето на воздухот, како на отворен, така и во затворен простор, покажува студијата на Светската здравствена организација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…