Home Вебкафе Попот до валандовчани кои непријавени скокаа по крстот: „Багра народ сте, срам да ви е“

Попот до валандовчани кои непријавени скокаа по крстот: „Багра народ сте, срам да ви е“

И овогодинешното ритуално скокање по светиот крст во осветените води за Богојавление-Водици во Македонија не помина без скандали, немили сцени и настани. Со ваквите зачестени појави, овој христијански празник се претвора во пародија, комедија и општа фарса.

По тепачката за крстот во реката Брегалница, ТВ24 објави видео од Валандово. Таму попот 3 пати го фрлаше крстот во базенот.

По два неуспешни обида, бидејќи скокнале непријавени учесници, веќе видно изнервиран и вознемирен, тој им се обрати со погрдни зборови на присутните и по третпат го фрли крстот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Фрида Кало: жената зад цвеќето која стана феномен пред Инстаграм

„Само они што никогаш не живееле навистина умираат“ – зборови кои и се припишуваат н…