Какеибо – јапонски начин на штедење стар 116 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Концептот за штедење наречен „какеибо“ е измислен од страна на Хани Мотоко, првата жена новинар во Јапонија, во 1904 година. Овој концепт е базиран на едноставен начин за водење сметка за она што сте го потрошиле и ќе го потрошите.

Клучот за успехот во практикувањето на овој штедачки концепт лежи во запишувањето на податоците рачно, со пенкало или молив на хартија, а не преку тастатура на компјутер. Денес, кога динамиката на живеење има добиено енормна брзина и трошењето пари преку он-лајн купување и плаќање со картичка речиси го отапе чувството за домаќинско трошење на парите, оваа техника на штедење повторно доживува експанзија.

„Какеибо“ не подразбира само запишување на трошоците, и правење математика, туку и поставување на неколку прашања пред да се купат ненеопходни нешта.

Дали можам да живеам без ова?

Дали можам да си го дозволам?

Дали навистина ќе го користам?

Дали имам место за него?

Како воопшто стигнав до него (преку реклама на телевизија, шетајќи низ трговски од досада?)

Какво ми е расположението денес (Спокојно? Стресно? Славеничко? Дали поради нешто се чувствувам лошо?)

Колку долго ќе ми трае радоста од купувањето?

Треба да се напомене дека овој концепт на штедење не заговара цицијашење и целосно стегање при купувањето, туку поголема грижа, водење есап и рационално размислување при трошењето.