Спотот за оваа песна е најгледано видео во историјата на YouTube


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спотот за песната See You Again, од американскиот рапер Виз Калифа, стана најгледан YouTube видео спот во историјата на видео-музичката платформа.

Моментално (додека ја пишуваме статијава) има 2.903.300.681 прегледи (или со зборови: две милијарди, деветстотини и три милиони, триста илјади и шестотини осумдесет и еден прегледи, кои додека вие ја читате сигурно се веќе зголемени), со што го остави на второ место спотот за Gangnam Style од 2012 година.

Иако спотот нема забегана кореографија, како оној за Gangnam Style, која го направи хитот од корејскиот музичар толку популарен, има други предности кои го направија вистински видео хит.

Песната е нарачана како саундтрак за седмиот дел од една од најпопуларните филмски франшизи на сите времиња, Fast and Furious. See You Again, исто така, оддава почит и на прерано починатиот актер Пол Вокер, па видеото е проткаено со сцени во кои Вокер се појавува во споменатиот филмски серијал.

Бројот на прикажувања на Gangnam Style во 2014 година стана толку голем што од YouTube платформата мораа да го надоградат својот бројач на прегледи.

Моментално постојат неколку видеа кои имаат над 2 милијарди прегледи, меѓу кои се Sorry од Џастин Бибер, Uptown Funk од Марк Ронсон. Despacito од Луис Фонси има скоро две и пол милијарди прегледи, а пуштен е оваа година.